Пионерите на Фк Вардар го одиграа вториот натпревар на “турнирот на пријателство“ и го доживеаа вториот пораз. Овој пат избраниците на Ане Андоновски беа поразени од екипата на Загреб со високи 4:1. Иако први поведовме со голот на капитенот Маркоски, уште во 6 минута сепак тоа не беше доволно за прв триумф. Во продолжение противникот заигра подобро и го докажа својот квалитет, кој беше пресуден за конечниот победник. На полувреме Хрватскиот преставник имаше предност од 1:3, а во вториот дел уште еднаш ја затресоа нашата мрежа.
За Вардар настапија : 12 Петковски , 2 Гавриловски , 3 Китановски (од 46. 13 Пирков), 4 Насковски, 5 Кировски , 6 Тодоров, 7 Менкиновски, 9 Трајчевски, 16 Марковски (од 30. Спирковски), 17 Геговски (од 31. Д.Петревски) , 14 С.Петревски (од 42.Ташевски ).
Во другиот натпревар од нашата група, екипите на Партизан и Железничар ремизираа со почетните 0:0. Денес нашите надежи го играат последниот меч од групата, против тимот на Железничар(БиХ).