Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Со убедлива победа над Милано, пионерите на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето на националниот куп
Со убедлива победа над Милано, пионерите на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето на националниот куп

Со убедлива победа над Милано, пионерите на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето на националниот куп

Пионерите на ФК Вардар ќе играат во 1/4 финалето на Купот, откако денес на теренот на Академијата ја елиминираа екипата на Милано. Уште едно убедливо издание за оваа генерација на Вардар, која во 1/8 финалето на купот ја победи екипата на Милано (4:1).

Тренерот Стефановски го започна мечот со: Јовчев, Давков, Сељанац, Ѓоргоски, Јовановски, Стојчевски, Давидовски (c), Андрески, Живков, Стојановски, Мирков.

Вардар по првото полувреме имаше солидна предност од 3:1. Првиот директен удар кон голот го имаше Милано, топката за малку оди над голот на Јовчев. Оваа генерација на Вардар ја краси офанзивен фудбал, со пресинг на противничката половина, така беше и на овој меч од осмина-финалето на купот. Црвено-црните го диктираа темпото на игра и постојано создаваа шанси кон голот на кумановчани. Вардар го отвори резултатот со голот на Антонио Мирков, откако асистираше Давков, за отварање на резултатот на 1:0. Милано се обиде со удар од голема далечина, но одбрани Јовчев. Нашите пионери имаа голема прилика за зголемување на водството, но Стојановски не успеа да реалзира зицер позиција, откако Јовановски го пронајде во противничкиот шеснаесетник, но Гео биде високо над голот од непосредна близина. Нова одлична акција на вардарци, Јовановски додаде до Стојановски, овој со повратна до Јовановски, кој бие, но брани голманот на гостинската екипа. Имавме обиди преку Мирков, кој шутира над голот, како и на Стојановски, но без реализација. Нови два гола во мрежата на противникот видовме во следниот период од мечот. Со вториот гол на Антонио Мирков, нашиот состав стигна до предност од 2:0, додека во листата на стрелци се запишува и капитенот, Петар Давидовски за зголемување на 3:0. Во последната минута од првиот дел, тимот на Милано успеа да намали на 3:1, нафрлена топка од корнер, на одбиената силно ја зафати еден од противничките играчи, кој го совладува Јовчев, за резултат 3:1 на полувреме.

1 2 3 4

Вардар имаше контрола на мечот и во второто поувреме, кога успеа да постигне уште еден гол, кој беше дело на Георг Стојановски, за резултат 4:1. Претходно прв се обиде Давков од слободен удар, но голманот на Милано со крајни напори го одбрани ударот. Тренерот Стефановски во продолжение од мечот им даде шанса на неколку играчи да влезат во игра. Така на теренот ги видовме, Тасевски, Трпезановски, Саит, Исмаиљи и Марковски. Милано речиси и да не се закани кон нашиот гол во вториот дел, додека Вардар пропушти шанса со поголем триумф да го заврши мечот, но Славче Живков не успеа да реализира пенал.

Пионерите на ФК Вардар играат одлично оваа сезона, после три победи во првенството, денес успеаа да се пласираат и во 1/4 финалето на купот. Претстојниов викенд нема натпревари, поради репрезентативни настапи на селекцијата до 17 години.