Единствено пионерите од Вардаровите генерации доживеаа неуспех во рамките на полуфиналето од националниот куп. Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија одиграа натпревар против екипата на Еуромилк, на кој беа поразени со резултат 0:1, и тоа со автогол на Гавровски.
Покрај овие две екипи во групата е уште и екипата на Работнички. Првите две првопласирани екипи ќе играт во големото финале.
ВАРДАР: Чадороски, Гавровски, Китановски, Спиркоски, Кировски, Тодоров, Менкиноски, Петрески, Трајчевски, Маркоски, Петревски.
РЕЗЕРВИ: Петковски, Пирков, Скендерски, Тасески, Геговски, Јанкоски, Таневски.
Фото:фквардар мк.