Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > “Петарда“ во мрежата на Ренова, пионерите на ФК Вардар се вратија на победите во лигата
“Петарда“ во мрежата на Ренова, пионерите на ФК Вардар се вратија на победите во лигата

“Петарда“ во мрежата на Ренова, пионерите на ФК Вардар се вратија на победите во лигата

Денес се одигра последното есенско коло во првенството на младинските фудбаласки категории. Пионерите на ФК Вардар со триумф го завршија првиот дел од сезоната, откако славеа на гостувањето во Тетово, против екипата на Ренова. Конечниот резултат гласеше 0:5

Тренерот Сашо Тодоровски се одлучи за следниве 11-сетмина: Велковски, Спасиќ, Антовски, Ѓорѓиески, Стојчески, Калчиноски, Адем, Стојановски, Бериша, Битиќи, Пешевски.

Долго време домашната екипа пружаше отпор и не дозволуваше Вардар да стигне до водство. Сепак тоа се случи на истекот на првото полувреме, кога Саит Битиќи погоди за водство од 0:1 во 45 минута од мечот. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во второто полувреме голеада на Вардарци во мрежата на Ренова. Во 50 минута, Филип Антовски успева да ја затресе противничката мрежа и да донесе водство на Вардар од 0:2. Само четири минути подоцна нововлезениот Кренарт Дарлишта успева да зголеми на 0:3, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. Вардарци тука не застанаа и продолжија со својата офанзивна игра, која им донесе и нови погодоци. Повторно Битиќи се запишува во листата на стрелци и со својот втор гол во 60 минута го носи Вардар во предност од 0:4. Серијата на голови ја затвара Али Адем во 69 минута, за водство од 0:5. Овој резултат беше и конечен на крајот.

После два првенствени порази, нашите надежи се вратија на победите, по што ги сега ги чека заслужен одмор. До пред одигрување на ова коло, Шкупи имаше ден бод предност, па се чека исходот од нивниот натпревар за конечниот исход на табелата по завршување на есеснкиот дел од сезоната.