Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во среда, пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Ренова
Во среда, пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Ренова

Во среда, пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Ренова

На 1.мај (среда) своите натпревари од 22 коло во првенството на младинските категории ќе ги одиграат пионерските екипи на ФК Вардар. Противник за црвено-црните е екипата на Ренова, термините на одигрување на мечевите се од 10:00 и 12:00 часот.

Помладите пионери на ФК Вардар ќе се обидат да стигнат до својот 11.последователен триумф во рамките на помладата пионерска лига. Избраниците на Филип Деспотовски се наоѓаат во одлична играчка форма, за што говори и триумфот во минатото коло кога во Прилеп го совладаа својот најголем конкурент за трофејот, тимот на Победа и на тој начин го одалечија се подалеку од можноста дека може да се надева да го загрози Вардар. Нашите млади надежи се големи фаворити за освојување на трите бода во дуелот со екипата на Ренова, која се наоѓа на претпоследното место со 18 бодови, додека напоменавме Вардар е прв и има вкупно 50 освоени бодови. Ова ќе биде трето меѓусебно соочување со тимот од Тетово, претходните два натпревари црвено-црните ги добија убедливо во своја корист. Во есенскиот дел на гостински терен ја совладавме Ренова со 0:3, додека на теренот на Академијата бевме многу поубедливи кога забележавме победа со резултат 7:0: Фаворити сме големо, но не сме да има опуштање во овој меч, бодовите се многу важни за да се одржи онаа разлика од девет бодови во однос на Победа, која после ова коло може и да биде зголемена со оглед дека прилепчани гостуваат на екипата на Шкендија.

Во одлична позиција за освојување на шампионската титула се наоѓаат и пионерите на Вардар, кои исто така важат за фаворити во дуелот со Ренова. Со триумф во среда, избраниците на Кралевски би направија значајна разлика на табелата, во финишот од сезоната. Пред ова коло, најблиску до нас беа Работнички, кои имаа само шест бодови заостанување, но романтичарите направија голем кикс, кој и дефинитивно ги откажува од борбата за трофејот, со оглед дека во ова коло беа поразени од последнопласираниот тим на Македонија Ѓ.П. Доколку Вардар победи во дуелот со Ренова, нашиот состав ќе се одлепи на 8 бодови повеќе од А.Пандев и 9 бодови повеќе од екипата на Работнички, ова е важно со оглед дека до крајот на сезоната не очекуваат гостувања и кај дват споменати конкуренти за трофејот. Затоа е потребна победа во среда, за да влеземе во мирна завршница, инаку на  двата претходни мечеви со Ренова одигравме со нерешен резултат (0:0), додека на домашен терен славевме високо со резултат 7:1.