Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери тргнаа со победа, пионерите на Вардар и Кул ги поделија бодовите
Помладите пионери тргнаа со победа, пионерите на Вардар и Кул ги поделија бодовите

Помладите пионери тргнаа со победа, пионерите на Вардар и Кул ги поделија бодовите

Денес на теренот во Пржино, првото пролетно коло во фудбалската Супер Лига го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар, кои беа домаќини на тимот на Кул.

Помладите пионери со победа над Кул ја започнаа 2023 година, откако славеа со резултат 2:0.

Вардар дуелот го започна со овој состав: Јаневски Лука, Поповски Мичо, Ивановски Алексеј, Смиљков Филип, Крстевски Марко, Блажевски Иван, Јорданоски Михаил, Крстевски Антонијо , Бакрачески Бобан, Радески Златко и Дамевски Филип.

Првиот дел заврши без погодоци во мрежите на нашиот голман Лука Јаневски и гостинскиот Даниел Исајловски кој порано беше дел од нашата екипа, па на одмор се замина со почетните 0 -0. Победата беше остварена во вториот дел, најпрвин погодивме за 1-0 преку Крстевски Антонијо во 60.минута кој доби долга топка ја мина одбрната и го „матираше“ голманот. Атакувавме и успеавме да ја удвоиме предноста преку Јорданоски Михаил кој ги постави конечните 2-0 во 76.минута, тој одлично погоди со глава по една одбиена топка.

Во игра влегоа од клупата: Котевски Петар , Каруловски Кристијан и Стефанов Филип.

Реми за пионерите на Вардар на средбата со Кул, двете екипи ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 1:1.

Двата гола кој донесоа по еден бод на двата колектива беа постигнати во првиот дел. Се играше на тежок терен за игра. На почетокот бележиме добро изведен корнер од Максим Цониќ по кој Михаил Танчев добро биеше со глава но голманот на Кул одбрани .Во продолжение имавме иницијатива но не успеавме да направиме сериозна шанса.Сепак Кул дојде во водство од пенал. После примениот гол повторно притиснавме и бележиме добар удар од 25 метри на Шаботиќ, но голманот на Кул прекрасно одбрани. Пред крај на полувреме пенал за нас, сигурен реализатор беше капитенот Михаил Танчев.

Вардар: Краљевски Максим , Цековски Давид, Шаботиќ Емир, Алексовски Дамјан, Цониќ Максим, Танчев Михаил (К), Туша Харбин, Анастасов Матеј, Хасиќ Мирза, Ѓорѓиевски Матеј И Бектеши Хабиб.