Денес во градот Прилеп се одигра седмиот пролетен турнир во фудбалската Јуниор лига. Активни со настапи беа фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година, кои одиграа два натпревари.
На првиот меч избраниците на Зоран Петковски се сретнаа со домашната екипа на ФК Прилеп, против која ремизираа со резултат 2:2. Се играше две полувремиња по 15 минути. По првиот дел домашниот тим имаше водство од 0:1. Во вториот дел со подобра игра нашите млади надежи стигнаа до целосен пресврт и тоа со двата погодоци на Петар Пројкоски успеваат да поведат со 2:1. Сепак до крајот на мечот, Прилеп го израмнува резултатот на 2:2 и тоа со удар од белата точка, откако Вардарци направија три корни.
Слично се одвиваше и вториот натпревар во текот на денешниот дел за Вардаровата генерација. Противник на овој меч ни беше екипата на Еврофудбал од Охрид. И тука противничката екипа беше прва која дојде во водство, за на полувреме да има минимална предност од 0:1. Нов резултатски пресврт за избраниците на Петковски во вторите 15 минути. Најпрво Кристијан Таневски успева да го израмни резултатот на 1:1, за неколку минути подоцна конечниот резултат од 2:1 да ги постави повторно Петар Пројкоски, кој денес вкупно постигна 3 гола.