Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2008 го совлада КУЛ во регионалната лига
ФК Вардар ген.2008 го совлада КУЛ во регионалната лига

ФК Вардар ген.2008 го совлада КУЛ во регионалната лига

Денес на вториот домашен дуел од регионалната лига ФК Вардар ген.2008 беше домаќин на ФК КУЛ, на оваа средба дојдовме до висока победа со резултат 5-0 (2-0)

v2
Колев започна со овој состав: Јовчев Дарко, Стамчевски Леонид, Блажевски Петар, Идризи Омер. Митаноски Илија, Ташевски Иван, Бојовиќ Заев Душан, Буцевски Дамјан, Кесиќ Матео, Јевтоски Христијан и Цветковски Филип.

v
Бевме поофанзивни на почетокот, атакувавме да отвориме со погодок. Успеавме да поведеме со 1-0, стрелец на голот беше денес одличинот Илија Митаноски. Атакувавме на удвојување на предноста, Буцевски Дамјан и Цветковски Филип имаа свои шанси кои не ги претворија во погодок за нашиот црвено-црн тим. Конечно успеавме да ја удвоиме предноста, за 2-0 погоди Омер Идризи. Со овој резултат се замина на одмор помеѓу двата периода на оваа средба од регионалната лига.

v16 v13 v10
На самиот почеток на вториот дел, веќе успеавме да бидеме на три чекора пред ривалот. За нашата екипа стрелаше Дамјан Буцевски, со чии гол поведовме со убедливи 3-0. Истиот играч успеа да ја удвои нашата предност од полувремето, тој погоди за високи 4-0 и најави убедлива победа. Кул имаше голема шанса , добија пенал, но на нашиот гол Денковски Даријан успеа да одбрани на фантастичен начин и да ја зачува својата мрежа. Конечните 5-0 во финишот ги постави Илија Митаноски од солопродор, тој денес покрај погодоците имаше и две асистенции за головите на своите колеги. Победата на првата домашна средба од оваа генерација за нас дојде со резултат 5-0.

v5