Во скопската приградска населба Марино денес во мечот од младинската лига се сретнаа тимовите на ФК Вардар и ФК Металург. Момците Љупчо Марковски-Калц дојдоа до нова победа со која се на чекор до титулата во младинската лига. Вардар во мечот со Металург однесе победа со “петарда“ со резулат 5-0 (1-0). Во следните две кола влегуваме со предност од 4 бода пред А.Пандев која денес исто така победи 4-0. Стрелци на головите беа: Петковски (2), Даци (2) и Апостоловски.