Денес продолжија натпреварите во детската фудбалска лига, каде се одигра треттото коло. Свои натпревари одиграа двете екипи на Вардаровата генерација “2006“.
Вардар (1) утрово за противник го имаше тимот на Драчево, кој го доби со резултат 2:0. Интересен натпревар со цврста игра на двете страни. Драчево долго време ја зачува својата мрежа незатресена, но сепак квалитетот на Вардарци беше очигледен на теренот. Во почетниот дел од мечот нашиот состав имаше иницијатива, но сепак противникот ги имаше првите поконкретни шанси за отварање на резултатот. Првиот удар кон голот на Драчево го имаше Давид Голубов, сепак топката завршува во рацете на голманот. Стефан Коловски ја имаше најубавата прилика за погодок, доби топка од Сековски, но денес одличниот голман на Драчево не дозволуваше ран погодок. Продолжи иницијативата на Вардарци, обид имаше денес активниот Дарко Сековски, повторно голманот на Драчево беше поуспешен. Дефинитивно противничкиот голман денес беше најдобар поединцец во екипата на Драчево, на неколку пати успева до одлични интервенции да го спаси својот гол. Нов обид на Сековски од слободен удар, високо во левиот горен агол, нова интервенција на голманот на Драчево. Драчево имаше голема можност да ги казни нашите неискористени шанси, мал пропуст во нашата одбрана можеше да не чинеше негатива, но Данстак со бравурозна интервенција го спасува голот на Вардар. Првото полувреме завршува со резултат 0:0.
Црвено-црните имаа поголем посед на топка во вториот дел и успеа дел од шансите да ги претворат во гол. Марко Николовски продре по десната страна, се создаде добра прилика биеше но само покрај голот на Драчево. Противникот се обиде од слободен удар, над голот на Данстак. Конечно погодуваме преку Давид Голубов за водство од 1:0. Умерен удар на Вардаровиот голгетер, голманот на Драчево се обиде да одбрани, но топката помина покрај неговите раце. До крајот на мечот уште еден погодок во противничката мрежа, дело на Стефан Коловски. Марко Николовски несебично асистираше до Коловски, овој смирено само ја смести топката во голот на Драчево за предност од 2:0. Во последните пет минути се играше на средината на теренот, Драчево без некоја посериозна прилика за почесен гол. Конечниот резултат на овој дуел е 2:0. Добра игра на оваа екипа, иако Драчево пружи достоен отпор, сепак квалитетот беше несомнено на наша страна.
За разлика од нив Вардар (2) забележа пораз во мечот со екипата на Куманово. Резултатот гласеше 2:4 во корист на противникот. Подобра игра за оваа екипа во однос на минатото коло против Смилковци, но сепак Куманово постигна повеќе голови на овој меч. По една грешка на Ордевски, еден од противничките играчи излегува сам на сам со нашиот голман Ивановски и ја сместува топката во мрежата за предност од 0:1. Набргу Вардар успеава да израмни на 1:1, преку Олег Михајловски. Многу пропусти во нашата одбрана на крајот не чинеа пораз. Противникот повторно успева да поведе со удар од белата точка, за резултат 1:2. Недозволиви грешки во последната линија не чинеа уште еден лесен погодок за Куманово и веќе водство од 1:3. Во наредните минути Максим Цониќ немаше среќа погодувајќи ја стативата од противничкиот гол. Нов удар кон нашиот гол и нов погодок за веќе убедливи 1:4. Ивановски немоќен при еден слободен удар на противникот кој бие прецизно. Филип Цветковски од редовите на Вардар погодува пречка. До крајот на првиот дел успеваме да намалиме на 2:4, преку Мирза Хасиќ. Со овој резултат се замина на полувреме.
И покрај неколкуте шанси за Вардар во вториот дел, резултатот сепак остана непроменет. Максим Цониќ беше денес наш најдобар играч, имаше неколку обиди кои за жал останаа без реализација. Се обиде и Танчев, но дефинитивно немавме сили за резултатски пресврт.