Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го совлада Анжи: Којашевиќ донесе прва радост во Анталија!
Вардар го совлада Анжи: Којашевиќ донесе прва радост во Анталија!

Вардар го совлада Анжи: Којашевиќ донесе прва радост во Анталија!

Вардар попладнево одигра нов пријателски натпревар, противник на нашиот тим беше тимот на Анжи од Русија. Овој натпревар заврши со победа на нашиот тим со резултат 2:1 (0:0). Двата погодоци за нашиот тим ги постигна Дамир Којашевиќ. 

Вардарци имаа поголем број на шанси во првите 45 минути. Барсегјан ја имаше првата прилика во 10.минута во соло продор, сепак, голманот на русите беше поуспешен од нашиот играч. Втора прилика ја имаше Дејан Блажевски во 13.минута, нашиот играч се обиде со удар од 25 метри но, сепак, топката мина крај голот на Анжи. Следен во прилика во 22.минута влезе Глигоров, кој по центаршут од десно зафати една топка со волеј која отиде над пречката од голот на Анжи. Во 25.минута прва шанса имаше Анжи, топката мина крај голот на Гачевски. Три минути потоа Блажевски беше во соло продор но одбраната на противникот со клизачки старт на 6-7 метри од голот ја исфрлаат топката во корнер.  Во 38 минута Попов со волеј се обиде од 30 метри,  од истата дистанца две минути потоа се обиде и Барсегјан но, двата обиди завршија без погодок. До крајот имавме иницијатива но не успеавме да погодиме, па така на одмор заминавме со резултат 0-0.

На почетокот на вториот дел следуваше и погодок. Во 47 минута Анжи дојде до предност од 1:0. Нашите играчи од одбраната направија една грешка, топката дојде до еден играч на русите, кој со одличен удар од 20-сетина метри стрелаше прецизно за предност на Анжи. Во 58 минута Којашевиќ изведе еден слободен удар од косо, но неговиот удар заврши над голот на русите. Во 68 минута Анжи изведе еден брз контра напад, но Гачевски добро одбрани и спречи нов гол за противниците. Во 70 минута Вардар го израмни резултатот на 1:1. Феноменален погодок постигна Којашевиќ од слободен удар од преку 30 метри за израмнување. Во 88 минута Којашевиќ повторно стрелаше прецизно од соло продор за 2:1 за нашиот тим. Со овој резултат и заврши натпреварот.

Ова беше прва победа за Вардар на подготовките во Анталија.