Во текот на вчерашниот ден, пријателски натпревар на спортскиот комплекс во населбата Хиподром одигра генерацијата 2009 на ФК Вардар, која за противник ја имаше екипата на Работнички.
Вардар го доби овој натпревар со конечни 2:0. Се играа три полувремиња од по 20 минути. Заслужена победа за вардаровите надежи кои беа покреативни на теренот, а создадоа и неколку шанси за нови погодоци. Јаков Стојковски и Коста Бошковски беа играчите кои постигнаа по еден гол, додека како најголема прилика ќе ја издвоиме онаа на Даниел Колевски кој немаше среќа, кога ја погоди стативата од противничкиот гол.
Честитки до победа за момците на Зоран Петковски, која беше остварена на голем терен, со 10+1 на теренот.