Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Успешна контрола за младинците на ФК Вардар, кои беа подобри од екипата на Ал Ахли
Успешна контрола за младинците на ФК Вардар, кои беа подобри од екипата на Ал Ахли

Успешна контрола за младинците на ФК Вардар, кои беа подобри од екипата на Ал Ахли

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар продолжуваат да се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона, па одиграа нов пријателски натпревар. Противник ни беше екипата на Ал Ахли од Дубаи, која се наоѓа во Скопје на подготовки, со генерациите родени “2000„ и “2001„

Тренерот Андовски го стартуваше мечот со следните 11-сетмина: Велковски (c), Наумчески, М.Младеновски, Антовски, Велковски, Димоски, Адем, Реџепи, Бериша, Ибиши, А.Младеновски

Пред себе имавме силен противник и комплетно организиран клуб, со тренери од различни земји, а главниот тренер доаѓа од Хрватска Натпреварот се одигра на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари, се играа две полувремиња по 45 минути. Вардар успеа да го отвори резултатот во последната минута од првиот дел, кога со евро голот на Филип Антовски од некаде 30 метри, поведовме со 1:0. Во 55 минута, црвено-црните го зголемија резултатот преку Џемал Ибиши, за водство од од 2:0. Во последните десет минути од овој пријателски дуел, или поточно во 80 минута од натпреварот, противникот ја намали нашата предност на 2:1, резултат кој се покажа и како конечен на овој меч.

Во игра влегоа уште Јусуф, Петковски, Тасев, Пешевски и Андов.

Екипата на Ал Ахли како што напоменавме се подготвува во Скопје, а тренинзите се одвиваат на теренот во населбата Јане Сандански.