Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Убедлива победа за младинците и висок пораз за кадетите, во последното есенско коло во Супер Лига
Убедлива победа за младинците и висок пораз за кадетите, во последното есенско коло во Супер Лига

Убедлива победа за младинците и висок пораз за кадетите, во последното есенско коло во Супер Лига

Убедлива победа за младинците и висок пораз за кадетите, во последното есенско коло во Супер Лига. Денес на теренот во „Бело Брдо“ во Штип, натпревари одиграа кадетските и младинските екипи на Брегалница и Вардар.

Младинците со висок триумф (0:3) го завршија есенскиот дел од сезоната, откако беа подобри од екипата на Брегалница.

Уште во 4.минута од натпреварот, Горјан Цветков беше играчот кој погоди на повратна топка од Спасиќ за 0:1, откако претходно Фидановски изведе аут. Шансите пред голот на домашниот тим се редеа, а следен кој погоди за водство од 0:2 беше Левент Ибраим. На голот претходеше наша добра акција, Фидановски даде добра топка во простор до Цветков, овој ја сврти на втора статива за Ибраим кој се запиша во листата на стрелци во 32.минута. Овој резултат беше актуелен после 45.минути игра.

Имавме доминација и во вториот дел од натпреварот, шанси во неколку наврати имаше Ибраим, како и Серафимов и Фидановски, кои останаа нереализирани. Во 64.минута, со удар од 20.метри противничката мрежа ја затресе Тино Спасиќ за водство од 0:3. На пет минути пред крајот на натпреварот стативата од противничкиот гол ја погоди Горјан Цветков. За одбележување на натпреварот се и неколку добри одбрани на нашиот голман Илија Апостоловски, кој во вториот дел го замени Филевски, двајцата денес ја зачуваа мирна мрежата на Вардар.

Вардар: Никола Филевски, Зоран Фидановски, Андреј Алексоски, Левент Ибраим, Давор Серафимов, Никола Анчевски, Горјан Цветков, Христијан Стојановски, Марко Стојилевски (К), Рами Рахми и Тино Спасиќ.

Играа уште и Илија Апостоловски, Стефан Стојановски и Сандро Каровски.

Кадетите со пораз го завршија есенскиот дел, екипата на Брегалница славеше со резултат 4:1. Уште на полувреме домашниот тим имаше висока предност од 3:0.

Во второто полувреме, домаќинот зголеми и на 4:0, додека ние го намаливме резултатот на 4:1 со голот на капитенот Влатко Кулуковски. Истиот беше постигнат со удар од белата точка, откако претходно во противничкиот шеснаесетник еден од играчите на Брегалница играше со рака. Како посериозни шанси ќе ги издвоиме оние на Виктор Стефановиќ и Димитар Стојановски, кои останаа нереализирани.

Вардар: Андреј Данстак, Алтин Нурединовски, Хадис Рамани, Матеј Митревски, Влатко Кулуковски (К), Максим Бундалески, Агрон Туша, Никола Уневски, Андреј Петровски, Димитар Стојановски и Филип Радевски.

Играа уште и Михаил Кузмановски и Виктор Стефановиќ.