Денес на теренот “Јане Сандански“ се одигра кадетското дерби помеѓу Вардар како домаќин и битолски ФК Пелистер како гостин. Вардарци беа далеку поуспешни и остварија победа со 3-0 во дербито. Колев се одлучи за следниот стартен состав: Зибери, Џуклевски, Јордановски, Серафимов, Насковски, Дишлиевски, Трајчевски (капитен), Абдулхади, Бериша, Петревски, Скендерски.
Мечот почна со мирна игра во првите пет минути, потоа на теренот играше само еден тим, црвено-црнитее постојано атакуваа на голот на гостите од Битола. Прва прилика за одбележување имаше Скендерски Андреј кој шутна одлично од 20 метра сепак во последен момент блокираше одбраната и исфрли во корнер. Јахја се обиде во продолжение за нас тој упати удар од врвот на казнениот простор, истиот заврши крај стативата. Постојано напаѓавме Дишлиевски проигра двојно со Трајчевски Александар по што Оливер шутна силно по земја, одличниот голман на гостите Петровски фантастично одбрани. Постојано напаѓаме, гостите постојано се бранат во серија изведуваме 4-5 корни кои се доказ за нашата постојана офанзива. Прва прилика гостите од Пелистер имаа во 39 минута кога нивниот играч Сакоја шутна крај нашиот гол, тоа беше прва и послена прилика за нив во првите 45 минути денес. Голманот на зелено-белите беше поуспешен и од нашиот Насковски кој шутна од 15 метри по земја во 41 минута од мечот. Потоа капитенот Трајчевски шутна со глава крај дирекот на гостите. Се редеа шансите пред нивниот гол една зад друга. Најпрвин погодивме во голот, но беше поништен поради недозволена ситуација, потоа Џуклевски упати “бомба“ која голманот со неверојатна парада ја исфрли од аголот на голот во корна. Конечно во финишот успеавме да погодиме за 1-0, одличниот Дишлиевски Оливер со лукав удар го совлада денес одличниот Петковски Христијан. До крајот останаа две минути за доиграат во кои немаше некоја посебна прилика за обележување.
Вториот дел го почнавме со принудна измена на место на стрлецот на голот Дишлиевски во игра беше уфрлен Стоименов Дејан. Голманот на гостите во 47 минута направи фаул надвор од казнетиот простор со што доби директен црвен картон. По прекршокот од слободниот удар Дамјан Петревски го натфрли ѕидот сепак топката заврши малку над гредата. Постојано користејќи го тоа што сме играч плус на теренот бевме во атак, напаѓавме трагајќи по гол за удвојување на водството на овој дуел. Нашата офанзива вроди со плод, по една одбиена топка Јордановски Кристијан успеаа да ја втурне во голот за наше водство со високи 2-0 кои најавуваат освојување на трите бода на овој кадетски дуел. Капитенот Трајчевски имаше одлична прилика одесно на дистанца од 20 метра од слободен удар упати удар под гредата кој ново влезениот голман на Пелистер, Јанковски Кирил успеа да го одбрани. Наскоски Гоце му остапи место на Стојчевски Христијан во продолжението од овој дуел, тоа беше втората измена на Влатко Колев на мечот која ја повлече од клупата. Убава шанса имаше Јордановски Христијан кој неуспеа да погоди за 3-0, зелено-белите отидоа во контра по ова сепак нивната шанса ја оневозможи Малик Зибери кој со благовремено истрчување го пресече нивниот завршен пас при таа контра. Јахја Абдулхади успеа со глава да зголеми на 3-0, со што веќе ја најавивме високата победа.По ова Колев реши и ја уфрли целата клупа во игра дури и голманот Денковски Давид, кој само 30 секунди откако влезе одлично одбрани иден удар. Напаѓавме и во продолжението од полувремето Благоевиќ Милан се обиде силно по земја, голманот на Пелистер успеа да исфрли со нога во поле.