Генерацијата на ФК Вардар родени “2006„ година со победа стартуваа на турнирот “Гази Баба Куп 2018„. Утрово на теренот со природна трева во Н.Лисиче, црвено-црните го победија тимот на Сарај, со резултат 2:0.
Тренерот Спасески стартуваше со следниве 11-сетмина: Данстак, Порчу, Јанкоски, Анастасов, Николов, Ајетовиќ, Миовски, Танчев, Николовски, Трифуновски, Алији.
Вардар имаше целосна иницијатива на овој натпревар и заслужено победи, иако триумфот можеше да биде изразен и со поголема разлика. Првиот удар кон противничкиот гол го имаше Нуман Ајетовиќ, кој аврши во рацете на голманот. Екипата на Сарај речиси и да не ја помина нашата половина, освен во една прилика кога им се укажа шанса поради наше невнимание, за среќа на време ја расчистивме опасноста од нашиот гол. Во слениот период директни удари имаа и Михаил Танчев и Михаил Николов, но ударите завршуваа во рацете на голманот.
Конечно иницијативата вроди со плод, кога Алтин Алији доби топка во противничкиот шеснаесетник, се ослободи од противничките играчи и биеше силно во горниот агол, топката заврши во мрежата на Сарај, за водство на Вардар од 1:0. Истиов играч веќе во следната минута имаше нова голема прилика за зголемување на резултатот, но неговиот лоб удар за малку оди над голот. До крајот на првиот дел немаше поголеми прилики, па на краток одмор, црвено-црните заминаа со минимално водство од 1:0.
Вардар имаше поголем посед на топка и контрола на играта и во второто полувреме. Првиот удар во овој дел од мечот го имаше Максим Цониќ, кога биеше покрај голот. Добра прилика за зголемување на предноста имаше Олег Трифуновски, кога продре од десната страна, упати удар но одбрани голманот на Сарај. Се редеа шансите пред голот на противникот, а следен кој беше во добра шрилика беше Марко Николовски, кој од неколку метри упати удар, но со крајни напори одбрани голманот. Заслуживме втор гол и тој стигна, повторно преку Алтин Алији, кој ги постави конечните 2:0 на овој прв натпревар на турнирот “Гази Баба Куп 2018„.
Денес со почеток од 18:00 часот го играме и вториот меч на турнирот, против екипата на Форца.