Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Лавчињата од генер.2007 редат убедливи победи и во фудбалската “Јуниор лига“
Лавчињата од генер.2007 редат убедливи победи и во фудбалската “Јуниор лига“

Лавчињата од генер.2007 редат убедливи победи и во фудбалската “Јуниор лига“

Вчера на програмата во фудбалската Вардар јуниор лига беше второто есенско коло, тоа се одигра во градот Охрид на Градскиот стадион. Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар учествуваа на овој втор натпреварувачки ден. Генерацијата 2005 оствари две победи  со вкупен скор 20-0 како што ве известивме, исто така и малите “лавчиња„ од генерацијата 2007 одиграа два дуели и остварија две победи, исто така со постигнати 20 погодоци.

Избраниците на Зоран Петковски триумфираа во еден дуел 12-0 во друг 8-0 вчера во Охрид. Продолжува нивната победничка серија тие во саботата во детската лига органзиирана од Фудбалската федерација на земјава победија два меча со вкупна гол разлика 17-1. Вчера во дуелот со екипата на ФК Прилеп од истоимениот град, однесовме победа со резултат 12-1 во меч во кој целосно доминираве во сите аспекти на фудбалската игра, а тренерот Петковски даде шанса на целиот свој ростер на овој и на другиот дуел. Во вториот дуел истото така бевме убедливи, во него се сретнавме со ФК Еврофудбал 2 од Охрид, иако нашите противници играа на домашен терен овој меч не беше посебно тежок за нашите момчиња, кои го покажаа својот квалитет на теренот во Охрид и издвојуваа победа со високи 8-0. За два дена оваа генерација одигра четири дуела во два различни града, но оваа збиена агенда не им преставуваше проблем на младите вардарци да постигнат 37 гола, или во просек 9,25 по меч , а примија само 2 или 0,5 гола по натпревар.