Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар со победи ја стартуваа новата натпреварувачка сезона
Пионерските екипи на ФК Вардар со победи ја стартуваа новата натпреварувачка сезона

Пионерските екипи на ФК Вардар со победи ја стартуваа новата натпреварувачка сезона

Пионерските екипи на ФК Вардар со победи ја стартуваа новата натпреварувачка сезона. Денес нашите млади надежи гостуваа на Цементарница, кај екипата на Кул, натпревари на кои стигнаа до победи. Помладите пионери победија со резултат 0:2, додека пионерите со резултат 1:2

Избраниците на Трајче Стојковски, помладите пионери покажаа повеќе од противникот и сосема заслужено на крајот стигнаа до целиот „плен“. Пред да го отвориме резултатот, имавме неколку прилики, но голманот на Кул бранеше или ударите завршуваа крај голот. После една одземена топка на противничката половина, Давитов беше играчот кој асистираше до Михаил Јорданоски кој донесе водство на Вардар од 0:1 во 28.минута од натпреварот. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

306519105_128250309962064_321741203208998844_n 306648508_128250333295395_5193120327141154947_n 307129216_128250266628735_8534184954058350893_n

Во второто полувреме исто така имавме иницијатива и поголем посед на топка. После нафрлена топка од корнер на Крстевски, Лука Атанасовски беше играчот кој биеше со нога крај голот. Во 72.минута од натпреварот, нашите млади надежи стигнаа и до предност од 0:2. Од средината на теренот, Златко Радески повлече топка кон половината на Кул, додаде до Петар Давитов кој успеа да ја затресе противничката мрежа. Во овој дел од мечот, нашиот тренер им даде шанса на уште неколку играчи кои натпреварот го започнаа од клупата. На крајот победа за Вардар со резултат 0:2.

Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Лука Атанасовски, Филип Смиљков, Марко Крстевски, Петар Котевски, Петар Давитов, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Златко Радевски, Филип Дамевски.

Михаил Танчев донесе три бода за пионерите на гостувањето кај екипата на Кул. Денес на отварање на новата натпреварувачка сезона во младинската Супер лига, вардаровите пионери гостуваа на Цементарница, кај екипата на Кул. Генерацијата предводена од Марјан Герасимовски запиша победа со резултат 1:2.

2

Се играше 5.минута од натпреварот кога после додавање од Николовски, Михаил Танчев успеа да погоди за предност од 0:1. Може да се каже дека одигравме добро прво полувреме во кое имавме контрола на играта, создавајќи неколку шанси. Веќе во 14.минута имавме и предност од 0:2, повторно со голот на Михаил Танчев. На погодокот претходеше одлична акција која ја заппочна Миовски кој додаде до Николовски Марко, кој имаше можност да погоди, биеше, од не толку лесна позиција, одбрани за момент домашниот голман, но одбиената топка стигна до Танчев на кој не му беше тешко да го постигне и својот втор гол денес. Во овој дел од натпреварот имавме прилики преку Николовски, а од прекин се обиде и Нуман Ајетовиќ, но немаше реализација. Во 40.минута, Кул успеа да го намали резултатот со удар од белата точка, откако нашиот голман направи прекршок за најстрога казна, која капитенот на домаќинот ја претвори во гол, па со резултат 1:2 се замина на полувреме.

1 3

Во вториот дел не видовме погодок, но Вардар имаше свои шанси, но и домаќинот посебно во последната минута од натпреварот, кога лесно можеа да го израмнат резултатот, за наша среќа топката заврши крај голот. Вардар во овој дел имаше добри шанси преку Величковски, кој не успеа да погоди на асистенција од Николовски, и преку Лефковски кој се најде во позиција да го совлада Диковски, кој одбрани и го остави својот тим во надеж за позитивен резултат. Се играше последната минута од мечот, кога Кул можеше да го загрози нашиот гол, акција од левата страна и центар шут, но играчот на Кул не успеа да погоди, па натпреварот заврши со резултат 1:2.

Вардар: Стефан Нанчовски, Нуман Ајетовиќ, Милош Спасовски, Драган Јанкоски, Димитар Порчу (К), Александар Миовски, Давор Лефковски, Андреј Величковски, Матеј Анастасов, Марко Николовски, Михаил Танчев.

Играа уште и Матеј Гаштаров, Дамјан Алексовски, Матеј Ѓоѓиевски и Хабиб Бектеши.