Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за сите три Вардарови генерации, на денешниот турнир во фудбалската “Јунор“ лига, кој беше одигран во Штип
Победи за сите три Вардарови генерации, на денешниот турнир во фудбалската “Јунор“ лига, кој беше одигран во Штип

Победи за сите три Вардарови генерации, на денешниот турнир во фудбалската “Јунор“ лига, кој беше одигран во Штип

Денес во градот Штип се одигра нов турнир во фудбалската “Јунор“ лига, на кој настапија и генерациите на ФК Вардар родени “2005“, “2006“ и “2007“ година.

Генерацијата родени “2005“ на ФК Вардар предводени од Ане Андовски одиграа два натпревари, на кои забележаа убедливи победи. Во првиот дуел се сретнавме со екипата на Фудбал Старс (Кочани), која ја совладавме со резултат од 13:0. На овој нтпревар, Никола Величковски постигна четири гола, по два гола беа дело на Арбин Курти, Горјан Цветков и Влатко Кулуковски, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Тино Спасиќ, Симеон Здравковски и Филип Јовановски. 

На вториот дуел за противник го имавме домашниот тим на Мал Ајакс, кој го победивме со резултат од 8:0. Стрелци на овој меч беа: Никола Величковски (2), Арбин Курти (2), Филип Јовановски (2), Ѓорѓи Дошев и Зоран Фидановски.

Две победи остварија и генерацијата родени “2006“ година која ја води Сашо Јанев. Тие исто така одиграа со врсниците од Фудбал Старс, кои ги совладаа со резултат од 7:0, додека на вториот натпревар бевме подобри од Мал Ајакс со резултат 3:1.

Успешно помина и генерацијата “2007“ чиј тренер е Томче Трајановски, кој одигра само еден натпревар. Противник ни беше Фудбал Старс, над кој издвојувавме победа со резултат од 5:0. Петар Котевски постигна два гола, додека по еден беа дело на Војо Стојановски, Димитар Фидановски и Никола Јовановски.