Денес на теренот во населбата Јане Сандански, натпревар одигра генерацијата родени “2002“ година. Тие се сретнаа ео екипата на Металург, која ја победија минимално со резултат 2:1. Стрелци на головите беа Марио Илиевски и Атом Фазлиу.
Во еден интересен натпревар на крај како победници излегоа црвено-црните. По првото полувреме имавме водство од 1:0, со голот на Марио Илиевски. На стартот на вториот дел, гостите од железара израмнија на 1:1. Сепак до крајот на мечот успеваме преку Атом Фазлиу да погодиме и да стигнеме до предност од 2:1. Овој резултат на крајот се покажа и како конечен.
Свој натпревар во рамките на детската лига, одигра и најмладата генерација на фудбалскиот клуб Вардар, дечиња родени “2008“ година. На денешниот натпревар нив ги предводеше Томче Трајановски, кој го заменуваше Павел Неделковски. Противник им беа врсниците од Албарса, кои ги совладаа убедливо со резултат 12:0. Четири голови зад името на Илија Митаноски. Хет-трик на овој меч постигнаa Јохан Зизајковски, и Ненад. По еден гол постигнаа Стефан и Огнен.