Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победнички старт во пролетниот дел од детската лига за ФК Вардар генер. “2004“
Победнички старт во пролетниот дел од детската лига за ФК Вардар генер. “2004“

Победнички старт во пролетниот дел од детската лига за ФК Вардар генер. “2004“

Избраниците на Ане Андовски кои со стопроцентен ефект  го завршија есенскиот дел од сезоната на првото место и се промовираа во есенски шампиони,  генерација 2004 денес го одиграа првото пролетно коло во детската лига. Тие на терените на ФФМ се сретнаа со екипата на ФК Сарај и Форца и однесоа триумф со резултат 6-0, односно 2:0

Вардар (1) го почна мечот со теренска доминација препознатлива за оваа екипа на Вардар. Имавме повеќе од играта во почетните минути. Веќе во 4 минута преку одличниот Давид Љушев поведовме со 1-0 и најавивме триумф. Потоа прилики имавме преку Горазд Попов и Георг Стојановски, сепак голманот на нашиот противник успешно се снајде. Почна во продолжението гол-шоуто на Георг Стојановски кој до крајот на првиот дел постигна четири гола. Најпрвин во соло акција одлично погоди за 2-0 и удовјување на нашето водство. Потоа проигран прекрасно од  Марио Ричков, повторно стрелаше Георг Стојановски за предност од 3-0 на средината на првиот дел. Нашиот противник се обиде во неколку наврати да намали, сепак секогаш пред нив се испречуваше денес одличниот Стефан Тасев кој бранеше одлично. Поради нашата постојана офанзива често Сарај исфрлаше во корна па поради тоа добивме “казнет удар“. Од белата точка силно крај левиот директ шутираше Георг Стојановски, со овој негов трет гол поведовме со 4-0. До крајот прилика имаше Горазд Попов по асистенција на Анчевски Никола. Првиот дел го завршивме со “петарда“ во голот на Сарај, по еден соло продор откако исфрли три играчи од одбраната погоди Георг Стојановски. Со неговиот гол за 5-0 заврши првиот дел.

Вториот дел беше далеку понеефикасен од првиот тргнаа двете екипи тврдо на почетокот. Играта во воведните минути беше претежно на средината на теренот каде двата тима играа цврсто. Тренерот Андовски освежи од клупа, прилика добија резервите. Во игра беше внесен и Марио Сурлов кој одигра солидно во вториот дел.  Попов имаше прилика со глава по центаршут од десно сепак топката заврши во голманот на Сарај. Прилики имаа Ричков и Стојановски, но голманот и одбраната на Сарај одолеваа. Успеавме во вториот дел да зголемиме на 6-0, стрелец за овој гол беше денес активниот Горазд Попов, кој во текот на целиот меч даваше имплус на играта на Вардар. После погодокот умешно го приведовме мечот кон крај и со високи 6-0 трумфиравме продолжувајќија низата на непобеливост на оваа екипа во детската лига.

1

Победа забележа и екипата на Вардар (2) во дуелот со Форца. Овој натпревар заврши со резултат од 2:0. Првиот удар кон голот го имаше екипата на Форца, но нашиот голман Василев го скротува ударот. Првата поголема шанса на овој натпревар ја имаше Вардар преку Теодор Перковски но Гигов голманот на Форца не дозволи погодок. Добра прилика имаше и Матеј Богдановски но резултатот сеуште беше непроменет. Сепак доминацијата на црвено-црните вроди со плод и тие успеваат да го отварат резултатот на 1:0 со голот на Теодор Перковски. Најпрво биеше Исмет Хјадари, голманот на Форца ја одби топката но таа стигна до Перковски кој од непосредна близина погодува. До крајот на првиот дел шанса имаше и Матео Софијаноски но ништо посериозно. Првото полувреме завршува со минимална предност на Вардар од 1:0.

2

Во второто полувреме избраниците на Ане Андовски имаа контрола на играта. Работите околу конечниот победник станаа појасни кога Софијански Матео стрелаше за водство од 2:0. Во продолжение од натпреварот немаше некои поголеми возбудувања. За одбележување е еден удар на Форца покрај нашиот гол и шансата на Каровски. Конечниот резултат гласеше 2:0.

3

Врдаровата генерација “2004“ останува со максимален број на освоени бодови и по одигрување на првото пролетно коло.