Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2004“ со убедлив триумф стартуваше на турнирот “Колониа Куп“, кој се игра во Бургас
Вардаровата генер. “2004“ со убедлив триумф стартуваше на турнирот “Колониа Куп“, кој се игра во Бургас

Вардаровата генер. “2004“ со убедлив триумф стартуваше на турнирот “Колониа Куп“, кој се игра во Бургас

Вардаровата генерација родени “2004’ година со победа го стартуваа турнирот “Колониа Куп“, кој во периодот од 3-6-ти април ќе се одигра во Бургас. Избраниците на Кралевски утрово на премиерниот свој меч беа подобри од екипата на Нафтохемик од Бургас, која ја совладаа убедливо со резултат од 5:1.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Љушев, Анчевски, Серафимов, Јаневски, Милошевски, Стоимов, Каровски, Гуџуфи, Стојановски, Павлески.

По првото полувреме имавме предност од 2:1, која не ни ветуваше сигурна победа, но затоа црвено-црните во вториот дел беа супериорни и ја наполнија противничката мрежа. Георг Стојановски постигна два гола, додека по еден беа дело на Давид Љушев, Бесар Гуџуфи и Никола Павлески.

Во текот на утрешниот ден, црвено-црните ќе одиграат два натпревари. Најпрво во утринскиот термин од 08:00 часот силите ќе ги одмериме со екипата на Арда, додека во 13:00 за противник го имаме тимот на Спартак Варна.