Денес, генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар гостуваа на екипата на Сарај, во рамките на 11.коло од регионалната-скопска лига.
Генерацијата 2006 стигна и до десеттиот последователен триумф сезонава, откако успеа да го совлада тимот на Сарај, со резултат 0:2, со голови во првото полувреме. Стрелец на двата гола беше Алтин Алији.
Вардар: Данстак, Величковски, Николов, Јанкоски, Миовски, Спасовски, Ајетовиќ, Нурединовски, Алији, Цониќ, Николовски.
Во игра влегоа уште и Краљевски, Илески, Ордевски, Хасиќ, Танчев, Анастасов, Трифуновски.
До убедлива победа со резултат 1:8 стигна и генерацијата 2005 на ФК Вардар. Уште на поувреме избраниците на Зоран Петковски имаа солидно водство од 1:4. Во второто полувреме продолживме да ја полниме мрежата на противникот кога дадовме уште четири нови погодоци. Денес, голгетерески расположен беше Филип Јовановски кој постигна четири голови, додека два беа за Кристијан Антевски. Во листата на стрелци се запишаа уште и Горјан Цветков и Тино Спасиќ.
Вардар: Филевски, Јакимовски, Кулуковски, Спасиќ, Николовски, Јовановски, Ристевски, Дошев, Цветков, Антевски, Величковски
Влегоа уште: Илиевски, Уневски, Стефановски, Каланоски, Серафимов.