Вчера својата поддршка кон колегите од РК Вардар ја дадоа и играчите на ФК Вардар. Целиот стручен штаб на Вардар, заедно со фудбалерите, во кино сала во Анталија го проследија овој натпревар на РК Вардар.
За жал на крајот од натпреварот, и фудбалерите на Вардар не се радуваа на победа на своите колеги. ФК Вардар денеска го очекува нов пријателски натпревар од 16 часот, па им посакуваме со победа да го затворат петиот тест натпревар во Анталија.
Фото: fkvardar.mk