Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци се подготвуваат за Слога, репрезентативците се приклучија на тимот
Вардарци се подготвуваат за Слога, репрезентативците се приклучија на тимот

Вардарци се подготвуваат за Слога, репрезентативците се приклучија на тимот

Вчера црвено-црниот фудбалски колектив одработи два тренинга: утрински во теретаната и попладневeн на теренот со природна трева, во тренинг кампот во скопската населба Хиподром. На истите присутни беа  Боби Николов и Дарко Велковски кој отсустуваа поради обврски во квалифациите за У-21. Како и Глигоров кој имаше обврски со А-селекцијата на Македонија.

Нашите момци се подговуваат за мечот со чаирска Слога во недела, дуел во кој ние ќе бидеме гости. Со чаирчани ова првенство игравме  две меѓусебни дуели,  во првото колово кое бевме  домаќини неочекувано одигравме  2-2, а во гости   извојувавме триумф со високи 0-3 на стадионот во Чаир. Во овој дуел влегуваме како фаворити, ние сме лидери на табелата во првата лига со 58 бода, а Слога е трета но со 24 бода помалку од составот предводен од Гоце Седлоски. Дуелот од ова 24-то коло во ПМФЛ е закажан за недела на 3-ти април и истиот има почеток во 16-00 часот. Од овој дуел како од сите досегашни во првата по квалитет фудбалска лига во земјава ќе има дирентен пренос преку видео стрим, за кој дополнително ќе ве известиме. По дуелот со Слога ни остануваат уште три кола од третиот круг по што ќе започне одигрувањето на плеј-офф сегментот во ПМФЛ составен од најдобрите шест тима по регуларниот трикружен дел. ФК вардар во време на репрезентативната пауза одигра пријателски меч во Бугарија со екипата на ОФК Пирин и истиот го добивме со 0-1 по погодокот на Асани во 3 минута.