Генерацијата на ФК Вардар родени “2009′ година, денес на терените на ФК Работнички го одиграа осмото коло во детската лига. Половичен успех за избраниците на Златко Таневски од една победа и пораз , во денешното коло.
Вардар (1) за противник го имаше тимот на Шкупи, кој успеа да го совлада со резултат од 6:4. На натпревар со многу голови, на крајот триумфот им припадна на црвено-црните. На овој дуел голгетерески расположен беше Јаков Стојковски, кој мечот го заврши со хет-трик. Два гола постигна Давид Колевски, додека во листата на стрелци со еден погодок се запиша и Вилијам Ангеловски.
На вториот дуел се сретнаа екипите на Вардар (2) и Кул (2), подобар беше противникот кој славеше со резултат 1:3. Единствениот погодок за Вардар на овој меч беше дело на Димитар Ацевски.