Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа до својата 20 победа во првенството, откако денес на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Шкупи. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:1.
Вардар: Величковски, Костовски, Ѓорѓиевски, Радуловиќ-Величковиќ, Фазлиу, Петејчук, Омерагиќ, Стојановски, Демири, Гугуљанов.
На клупата за резерви беа: Станковски, Симев, Исени, Шабани.
По првото полувреме резултатот беше 1:0 во корист на црвено-црните, а Вардар го отвори резултатот со голот на Анатолиј Петејчук во 20 минута од дуелот. Игравме одлично на овој меч и бевме решени да стигнеме до нов триумф, во второто полувреме надмоќноста ја искористивме со уште два нови голови во противничката мрежа. Во 54 минута со голот на Мартин Радуловиќ-Величковиќ зголемивме на 2:0, додека само пет минути подоцна, или во 59 во листата на стрелци се запиша и Азер Омерагиќ, кој му донесе водство на Вардар од 3:0. До крајот на натпреварот почесен гол даде и тимот од Чаир и тоа во последната минута од дуелот, за конечен резултат од 3:1.
Во игра во второто полувреме влегоа сите играчи, кои мечот го стартуваа од клупата.