Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар убедливо ја победија екипата на Кул, на контролен меч одигран на Академијата
Пом.пионери на ФК Вардар убедливо ја победија екипата на Кул, на контролен меч одигран на Академијата

Пом.пионери на ФК Вардар убедливо ја победија екипата на Кул, на контролен меч одигран на Академијата

Помладите пионери на ФК Вардар денес одиграа пријателски натпревар против екипата на Кул, меч кој се одигра на теренот на Академијата кој им припадна со резултат 4:0.

Избраниците на Деспотовски по првото полувреме имаа водство од 2:0. Резултатот на овој меч го отвори Петре Тасевски за водство од 1:0. Предноста на 2:0 до крајот на првиот дел ја зголеми капитенот Петар Давидовски. Во второто полувреме паднаа уште два гола во противничката мрежа. Најпрво со голот на новото засилување, Бојан Лозановски го зголемивме резултатот на 3:0, за конечните 4:0 на овој контролем меч со својот прв гол денес да ги постави Филип Ѓорѓиевски.

Вардар: Стојковски, Трпезановски, Ѓорѓоски, Сељанац, Давков, Давидовски, Стојчевски, Хасани, Живков, Стојановски, Тасевски.

Играа уште: Мирков, Саит, Н.Петковски, Исмаили, Андрески, Ѓорѓиевски, Б. Петковски, Мирков, Лозановски, Јовчев и Марковски.

Стартот на пролетниот дел од сезоната е предвиден за на 3.март, помладите пионери ќе стартуваат од првата позиција на табелата.