Помладите пионери на ФК Вардар со победа го стартуваа пролетниот дел од сезоната, откако денес на теренот на Академијата во еден тензичен натпревар ја совладаа екипата на Шкупи, со резултат 2:0.
Тренерот Деспотовски стартуваше со следните 11-сетмина: Стојковски, Трпезановски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓиевски, Сељанац, Јовановски, Давидовски (c), Стојановски, Мирков, Живков
Првиот директен удар кон еден од головите го имаше тимот на Шкупи кој биеше далеку од голот на Стојковски.Црвено-црните се заканија прв пат на мечот преку Филип Ѓорѓиевски кој на нафрлена топка од Давков во противничкиот шеснаесетник биеше од прва, но топката заврши над голот на чаирчани. Немаше многу фудбалска убавина во првиот дел, видовме безброј фаули, четири жолти картони, по два на двете страни и „умртвување“ на играта. Вардар се ободуваше да биде поконкретен, но тимот на Шкупи правеше многу прекини, а се тоа се одразуваше и на нашата игра.
Се обиде Георг Стојановски, но одбрани голманот на противникот. Имавме прилика и преку Живков кој биеше, топката удри еден од противничките играчи и заврши покрај голот. До крајот на првиот дел за одбележување е ударот на Мирков кој заврши покрај голот По првите 40 минути, резултатот е оној почетниот 0:0.
Вардар многу брзо во второто полувреме успеа да го отвори резултатот, откако погоди Георг Стојановски за предност од 1:0, нашиот голгетер умешно се снајде биеше од прва, топката заврши во противничката мрежа.
Нова добра шанса имаше Стојановски, но овој пат топката оди покрај голот. Се закани и Шкупи, но одбрани нашиот голман, Лука Стојковски. Се закани и Мирков од голема далечина, но бие покрај голот. Многу тензии и немири го проследоа овој меч, продолжи грубата игра на Шкупи и во вториот дел, а судијата додели и црвен картон на еден од противничките играчи, односно втор жолт што значеше и исклучување. Вардар се обидуваше да постигне и втор гол, но не успеваше, Ѓорѓиевски имаше удар над голот, како и Мирков кој бие од прекин, но одбрани голманот на Шкупи.
Прва измена во нашите редови направи тренерот Деспотовски, од игра излезе Јовановски, на негово место е Лозановски. Гостите од Чаир имаа добра шанса, но тежок удар брани Лука Стојковски и спречува израмнување. Во игра кај нас влезе и Исмаили, на местото на Живков. Мечот го реши Бојан Лозановски кој постигна одличен гол, тоа значеше и предност од 2:0. Немаше повеќе време, судијата отсвири крај, по кој противничките играчи тргнаа да се пресметаат со вардаровите играчи. Жалосно е што на вакви натпревари нема полициско обезбедување, односно тие пристигнаа веќе кога заврши натпреварот.
Ова беше голема победа за Вардар, иако Шкупи се обиде на секаков начин да освои бод, Вардар не го дозволи и тоа во нечист натпревар успева да освои три бодови.