Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.Пионери на ФК Вардар победија убедливо 4:0 со врсниците од Еуромилк
Пом.Пионери на ФК Вардар победија  убедливо 4:0 со врсниците од  Еуромилк

Пом.Пионери на ФК Вардар победија убедливо 4:0 со врсниците од Еуромилк

Вчера на стадинот на Цементарница 55 во скопската населба Кисела вода се одигра дуелот во лигата за помлади пионери (У-16) побеѓу домаќинот Еуромилк и црвено- црните фудбалски надежи. Вардар го доби овој меч со резултат 4:0 (2:0).

Вардаровите фудбалерчиња ја однесоа победата со убедливи четири гола во мрежата на домаќинот. Вардарци преку Виктор Мирчевски го отворија мечот и поведоа со 0-1. Добрата игра во првиот дел наговестуваше победа особено се виде тоа по погодокот на Ибрахим Ариф за 0-2 кој подоцна се покажа како последен погодок во првиот дел. Во вториот дел момците тргнаа да ја осигураат победата и трите бода да заминат заедно со нив. Вардарци не оставиа ништо на случајност ја зголемија предноста на 0-3 преку Марио Асенов кој стрелаше со глава и ја погоди мрежата на домашните. Погодокот за крајниот резултат и печат на победата за помладите пионери на нашиот фудбалски тим го постигна Матеј Николов. Покрај овие четири погодоци имавме шанси и за дузина други : Давид Ристовски неколклу пати за малце не успеваше да ги претвори шансите во гол ,а Ибрахим Ариф успеа да го измами домашниот голман и лоб-ударот да заврши зад неговиот грб ,но за жал на патот до голот се испречи “гредата“. Одличен меч пофалба за младите наши надежи кој успееа да освојат три бода на гостински терен.