Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери ремизираа со Шкупи, шампионот ќе се решава во последното коло
Помладите пионери ремизираа со Шкупи, шампионот ќе се решава во последното коло

Помладите пионери ремизираа со Шкупи, шампионот ќе се решава во последното коло

Помладите пионери на Фк Вардар одиграа нерешено со екипата на Шкупи. Мечот се одигра на теренот во Чаир и заврши со поделба на бодовите. Конечниот резултат гласеше 1:1. Погодокот за нашиот тим го постигна Марко Ѓоргиевски.

Се играше еден тежок натпревар, каде бодовите им беа неопходни и на двата тима. Црвено-црните поведоа со голот на Ѓоргиевски од 1:0 и со овој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел, сепак домашната екипа успеаа да постигне гол и да го израмни резултатот. До крајот на мечот нашите надежи имаа уште една добра шанса, кога ја погодија пречката од голот на противникот. Овој резултат повеќе им одговора на екипата на Шкупи, кои го зачуваа лидерското место и после овој меч. Разликата на табелата меѓу Шкупи и Вардар е само еден бод, кој на крај може да биде доволен за да се освои првото место.

Во следното и последно коло за оваа натпреварувачка сезона, Вардарци на свој терен го пречекуваат тимот на Шкендија. Овој дуел ќе се игра во четврток. Шкупи пак има гостување во Куманово, против екипата на Милано. Доколку забележат победа , тие ќе бидат новите шампиони на Македонја, во оваа конкуренција. Се надеваме дека прво Вардар ќе победи, а Милано ќе одигра барем нерешено со нашиот главен конкурент за титулата.