Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на ФК Вардар ги надиграа повозрасните пионери на Работнички, на контролен меч одигран на Академија
Помладите пионери на ФК Вардар ги надиграа повозрасните пионери на Работнички, на контролен меч одигран на Академија

Помладите пионери на ФК Вардар ги надиграа повозрасните пионери на Работнички, на контролен меч одигран на Академија

Денес на теренот на Академијата пријателски натпревар одиграа помладите пионери на ФК Вардар против повозрасните пионери од екипата на Работнички. Поуспешни беа нашите млади надежи кои славеа победа со резултат од 2:1.

Оваа генерација на Вардар која е најдобра во есенскиот дел од сезоната не запира со победи, ниту на контролните натпревари. Ибраниците на Рап-Тап направија подвиг и славеа против поворасните момци од Работнички, иако на полувреме противникот беше тој кој имаше предност од 0:1.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следните 11-сетмина: Величковски, Радуловиќ, Асани, Костовски, Крстевски, Гугуљанов, Стојановски, Хасани, Мирков, Омерагиќ и Салиу 

По првите 40 минути резултатот беше 0:1 за екипата од градски парк. Во второто полувреме гледавме еден поинаков Вардар кој успеа да го надигра противникот и со резултатски пресврт да слави победа. Најпрво реултатот на 1:1 го израмни нововлезениот Атом Фазлиу, додека голот вреден победа беше дело на Мартин Величковиќ. Одлична игра на црвено-црните во овој дел од мечот и на крајот заслужен триумф.

Во игра во второто полувреме влегоа уште и Петејчук  Сељанац, Фазлиу.

Само за потсетување оваа генерација на Вардар родени “2002“ година во пролетниот дел од сезоната на 14 одиграни натпревари имаат 13 победи и само 1 нерешен резултат.