Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом. пионери на Фк Вардар ја победија Шкендија во Тетово
Пом. пионери на Фк Вардар ја победија Шкендија во Тетово

Пом. пионери на Фк Вардар ја победија Шкендија во Тетово

Помладите пионери на Фк Вардар и Шкендија викендов одиграа пријателски  натпревар во Тетово. Поуспешни беа младите Вардарци кои ги надиграа своите врсници од Шкендија. Конечниот резултат гласеше 0:2. Стрелци на головите, вредни триумф беа Мишо Крстевски и Марио Илиевски.

По првото полувреме резултатот беше непроменет 0:0. Во вториот дел дојде до израз иницијативата на црвено-црните, која вроди со два постигнати гола во противничката мрежа. Избраниците на Сашо Јанев уште еднаш потврдија дека се наоѓаат во одлична натпреварувачка форма и после завршување на есенскиот дел од сезоната, каде оваа генерација убедливо се наоѓа на првото место на табелата. Да потсетиме дека овие две екипи во првиот дел од сезоната се сретнаат во лигата и купот. Шкендија не елиминираше во 1/4 на националниот куп, додека во првенството Вардар на домашен терен забележа убедлив триумф со резултат 4:0. Од вторник момците одат на заслужен зимски одмор, кој најверојатно ќе трае до 15-ти јануари, кога ќе започнат подготовките за пролетниот дел од сезоната.