Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Попов: Вардар е подготвен и оди само на победи до крајот на сезоната
Попов: Вардар е подготвен и оди само на победи до крајот на сезоната

Попов: Вардар е подготвен и оди само на победи до крајот на сезоната

Нашиот лев бек Горан Попов поради суспензија го пропушти и петтиот, последен натпревар. Од овој викенд казната на Попов истекува, па така Попов му се става на располагање на тренерот Седлоски за натпреварот во недела во Турново. Попов во интервју за фквардар.мк ги искажува своите мислења за натпреварот со Турново во недела. Попов смета дека тимот е 100 посто подготвен да ги победи сите натпревари до крајот на сезоната. Во продолжение целата изјава на Попов за официјалниот сајт на клубот.

„Сметав дека казната е поминaта уште пред еден месец, но тоа е сепак одлука на луѓето во Федерација. Прв пат во мојата кариера се сретнувам со вакво нешто, каде што прво рекоа четири натпревари, а потоа по поминати два месеци променија во пет. До сега го немам доживеано тоа, но нели за сѐ има прв пат. Казната е веќе помината и јас се враќам на терените. Во подготвителниот рок ги одиграв сите натпревари и сметам дека сме сто отсто подготвени. Ова го покажавме на овие одиграни дуели во Анталија, но и на последниот против Ренова“, изјави Попов.

„Турново знае да биде незгоден противник, но тоа е само кога играат против Вардар, затоа што кога сме ние во прашање сите го даваат својот максимум. Знаеме што ни се случи на последниот натпревар, но сигурен сум дека тоа не може да се повтори. Вардар е подготвен и оди само на победи до крајот на сезоната“, потенцираше нашиот лев бек.