Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младинците на Вардар загубија од Борац
Младинците на Вардар загубија од Борац

Младинците на Вардар загубија од Борац

Младинците на Вардар немаа никакви шанси на денешниот дуел во Анталија и претрпеа пораз од екипата на Борац од Бања Лука со резултат 2:0 (1:0). На овој дуел настапија младите играчи кои воглавно се дел од младинскиот тим во лигата, со исклучок на Колевски и Цветаноски кои добија шанса да настапат на овој меч.

Васоски се реши на овој дуел да им даде шанса на младите бидејќи за утрешниот дуел ќе смета на првиот тим, кој ќе одигра дуел со Мура од Словенија за крај на зимските подготовки.

Вардарци се држеа добро 30. минути, потоа следуваше гол на противникот преку Владимир Арсиќ за 1:0. Со овој резултат се замина на пауза. Во вториот дел, поточно во 57. минута на 2:0 зголеми Александар Радуловиќ од пенал. До крајот на мечот немаше промени на резултатот.