Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа од Кратово без бодови

Вардар се враќа од Кратово без бодови

Тимот на Вардар се враќа од Кратово без бодови, откако попладнево загуби со 2:1.

Кратовчани дадоа два гола во една минута. Прво во 24. минута во листата на стрелците се запиша Давид Манасиевски, а потоа, во 25. минута атрактивно стрелаше Бурхан Алији. Вардар имаше две добри шанси преку Петковски и Блажевски, но не ги искористи.

Во 72 минута преку пенал, Блажевски стрелаше за 2-1. До крајот Вардар бараше и втор гол, но не успеа, па така запиша пораз на овој дуел.