Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пораз за пионерите на ФК Вардар, во дербито против Работнички
Пораз за пионерите на ФК Вардар, во дербито против Работнички

Пораз за пионерите на ФК Вардар, во дербито против Работнички

Пионерите на ФК Вардар го загубија дербито кај пионери, во дуелот со Работнички. Натреварот се играше на теренот на алумина и заврши со триумф на домашната екипа со резултат од 1:0.

Тренерот Тодоровски го започна мечот со: Андов, Манасиевски (c), Асенов, Ѓурковски, Ристовски, Николов, Астарџиев, Хасановиќ, Илиевски, Спировски, Игнатов.

Првата голема шанса на мечот ја имаше Мартин Спировски од редовите на Вардар, кој биеше ѕа малку покрај голот на противникот, откако додје топката до него добро шутираше но немаше среќа во завршниот удар. Возврати домашната екипа на спротивната страна, откако се играше акција од левата страна, нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, но нашиот голман Матеј Андов успешно брани.

g4

За наша несреќа успеваме да постигнеме гол но во нашата мрежа. Марио Илиевски и голманот Андов не се разбраа баш најдобро, па топката заврши во нашиот гол, за водство на Работнички од 1:0. До крајот на првото полувреме за одбележување е обидот на Давид Ристовски кој се обиде директно од слободен удар, но топката заврши покрај голот и големата шанса на Работнички, каде Матеј Андов спасува поголема негатива. На полувреме се замина со резултат од 1:0.

g2

Во второто полувреме убава шанса имаше Леонид Игнатов, чиј удар го брани противничкиот голман, како и обидот на Илиевски од голема далечина кој заврши во корнер. Тренерот Тодоровски направи неколку измени со цел да ја освежи нашата игра. Добра шанса за израмнување имаше Ѓурковски кој биеше со глава покрај гол, на нафрлена топка од прекин. До крајот резултатот остана непроменет и Работнички славеше со резултат од 1:0.