Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите водеа, на крајот загубија од Победа
Пионерите водеа, на крајот загубија од Победа

Пионерите водеа, на крајот загубија од Победа

Пионерите на ФК Вардар денес се поразени од екипата на Победа. На теренот на Академијата својот натпревар од 11 коло го одиграа нашите пионери кои за противник го имаа тимот на Победа. На крајот гостите славеа со резултат 1:2.

Вардарци по првото полувреме имаа предност од 1:0 со погодокот на Сандро Каровски во 35 минута од натпреварот. Пред да го отвориме резултатот одлична шанса имаше гостинската екипа, но одбрани Наум Ангелов.

162670908_2756635394647500_873040680269007156_o 163054274_2756635384647501_4936924272739216826_o

Победа во второто полувреме го сврте резултатот во своја корист. Најпрво во 62 минута го израмнија резултатот на 1:1, додека во 83 минута, Вардар си постигна несреќен авто гол во својата мрежа. Конечниот резултат гласеше 1:2.

Оваа генерација на Вардар е драстично ослабена со заминување на тројца стандардни играчи, па ова е петти пораз сезонава за пионерите, кои имаат и шест победи во лигата.

163550931_2756635311314175_8046223047482761754_o

Вардар: Ангелов, Таневски, Ивановски, Каровски (К), Анчевски, Кузмановски, Ибраим, Стојановски, Ричков, Перковски и Хајдари. 

Во игра влегоа уште и Јакимовски, Туша и Петровски.