Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Без бодови за кадетите и младинците на гостувањето кај А.Пандев
Без бодови за кадетите и младинците на гостувањето кај А.Пандев

Без бодови за кадетите и младинците на гостувањето кај А.Пандев

Во рамките на второто пролетно коло од младинските фудбалски лиги, денес кадетите и младинците на ФК Вардар гостуваа во Струмица кај екипата на Академијата Пандев. Натпреварите беа одиграни на општинското игралиште во овој град.

Кадетите на Вардар го доживеаа првиот пораз сезонава, откако беа совладани од домаќинот со резултат 2:1. Екипата на А.Пандев обезбеди победа со резултатски пресврт во вториот дел, откако на полувреме, црвено-црните беа во предност од 0:1. Во 19.минута, Георг Стојановски беше играчот кој ни донесе водство од 0:1. Сепак во второто полувреме, струмичани со голови во 48 и 58 минута направија пресврт и поведоа со 2:1, резултат кој беше и конечен на овој дуел од кадетската супер лига.

Вардар: Стојковски, Трајковски, Трпезановски, Љушев, С. Стојановски, Живков, Г.Стојановски, Хасани, Перковски, Марковски, Давков.

Во игра влегоа уште и Попов, Ѓоргоски и Анчевски.После ова коло екипите на Вардар и Академија Пандев се израмнија на врвот на табелата со по 22 освоени бодови.

Младинците на Вардар претрпеа пораз со резултат 3:0, со голови во првото полувреме од натпреварот.

Вардар: Ангелов, Каровски, Шабани, Илиев, Сељанац, Ивановски, Саит, Ибраим, Тасевски, Салиу, Петејчук.

Во игра влезе и Исмаиљи.