Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Порази за пионерските екипи на гостувањето кај Македонија Ѓ.П
Порази за пионерските екипи на гостувањето кај Македонија Ѓ.П

Порази за пионерските екипи на гостувањето кај Македонија Ѓ.П

Денес своите натпревари од 20.коло ги одиграа пионерските екипи на ФК Вардар кои гостуваа кај екипата на Македонија Ѓ.П. На двата натпревари како подобри се покажаа домашните екипи.

Помладите пионери го претрпеа само вториот пораз сезонава, откако денес загубивме од екипата на Македонија Ѓ.П. Гледавме цврст натпревар, на кој домашниот тим успеа со погодоци во 77 и 81.минута да стигне до победа со резултат 2:0.

Вардар: Максим Краљевски, Нуман Ајетовиќ, Драган Јанкоски, Стефан Коловски, Михаил Танчев, Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Давор Лефковски, Александар Миовски, Михаил Николов и Димитар Порчу (К).

Играа уште и Дамјан Крстевски, Матеј Ѓорѓиевски, Ангел Брзаковски, Максим Цониќ, Дамјан Алексовски и Матеј Анастасов. 

Пораз доживеа и пионерите на гостувањето кај истиов противник. Конечниот резултат гласеше 3:1 во корист на Македонија Ѓ.П. Во првото полувреме паднаа три гола, а домаќинот успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 во 12.минута од натпреварот. Црвено-црните се вратија во игра кога преку Михаил Кузмановски во 32 минута го израмнија резултатот на 1:1, но само три минути подоцна противникот врати со гол и поведе со 2:1. Во вториот дел падна само еден гол, истиот заврши во нашата мрежа за конечен резултат од 3:1.

Вардар: Илија Апостоловски, Зоран Фидановски, Матеј Митревски, Лука Јакимовски, Тино Спасиќ, Михаил Кузмановски, Дарко Сековски, Стефан Ристовски, Влатко Кулуковски (К), Максим Бундалески и Никола Уневски.

Играа уште и Леонид Илиевски, Александар Трајчевски, Агрон Туша, Матеј Николовски, Алтин Нурединовски, Филип Радевски и Хадис Рамани.