Пионерските екипи доживеаа високи порази, на денешните натпревари од 17.првенствено коло. Двата натпревари против Македонија Ѓ.П ги загубивме со идентичен резултат од 0:4.
Помладите пионери го загубија натпреварот, а со тоа и шансите да се вмешаат за освојување на шампионската титула. Екипата на Македонија Ѓ.П на полувреме имаше предност од 1:0, за во вториот дел да постигне уште три нови гола и на крајот да стигне до висока победа.
Вардар: Лука Јаневски, Алексеј Ивановски, Филип Смиљков (К), Марко Крстевски, Фуад Керими, Петар Давитов, Иван Блажевски, Ненад Стојанчевски, Антонијо Крстевски, Златко Радески, Филип Дамевски.
Во игра влегоа и Кристијан Каруловски, Филип Стефанов и Бобан Бакрачески.
Пионерите исто така претрпеа висок пораз со резултат 0:4. Уште во првата минута од натпреварот условно гостинската екипа успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, за во судиското надополнување да зголеми и на 0:2. Во вториот дел постигнаа уште два гола во нашата мрежа, за конечни 0:4.
Вардар: Максим Краљевски, Давид Цековски, Лука Атанасовски, Харбин Туша, Максим Цониќ, Хабиб Бектеши, Михаил Танчев, Матеј Анастасов, Дамјан Алексовски, Матеј Ѓорѓиевски, Емир Шаботиќ.
Играа уште и Дарис Грбовиќ, Мирза Хасиќ и Андреј Ѓуроски