Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар повикува на посебни безбедносни мерки за натпреварот со Динамо Загреб
ФК Вардар повикува на посебни безбедносни мерки за натпреварот со Динамо Загреб

ФК Вардар повикува на посебни безбедносни мерки за натпреварот со Динамо Загреб

Во пресрет на натпреварот од лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Динамо Загреб офцијалната страна на клубот излезе со соопштение во кое ги повикува сите присутни гледачи на натпреварот да се припазуваат кон некои мерки, како не би дошло до непосакувани работи. Овој дуел ќе се одигра во вторник со почеток од 20:45 часот, а фудбалскиот клуб на Вардар ги презема сите мерки за нормално одвивање на натпреварот. Ви го пренесуваме целосното соопштение на клубот за овој важен натпревар.

Почитувани љубители на Вардар. Сите Вие кои во вторник ќе присуствувате на Арената

„Филип Втори“ на натпреварот помеѓу Вардар и Динамо Загреб, би сакале да Ве информираме за некои посебни безбедносни мерки кои ќе бидат превземени. Најпрво за сите гледачи кои имаат влезници за ЈУЖНАТА ТРИБИНА, влезот ќе биде помеѓу јужната и источната трибина (каде што се наоѓа фудбалската Академија на Вардар) или источен влез. Влезот помеѓу јужната и западната трибина, или западен влез, ќе биде резервиран за нашите навивачи „Комити“ кои ќе бидат сместени на запад.

Поради строгите правила на УЕФА, секој кој има билет за мечот, ќе биде дополнително проверен пред влезот на стадионот. Сите тврди и недозволени работи ќе бидат одземени. Затоа избегнувајте носење на запалки, ситни парички, дезодоранси и други работи кои се строго забранети. За женската популација, Ве молиме доколку сте во можност да не носите чанти, или ако носите да имате трпение при нивната детална проверка на влезовите на трибините.

Ве информираме дека најстрого се забранува внесување на пиротехнички средства на трибините. Ве молиме да го заштитите нашиот тим од дополнителните строги санкции пропишани од страна на УЕФА.

Уште еднаш апелираме на фер и коректно навивање. Да му помогнеме на нашиот тим да ја мине оваа пречка во Лигата на шампионите и да имаме европско лето кое долго ќе го паметиме сите заедно.

Еден живот, една љубов!