Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Во сабота, кадетите и младинците на ФК Вардар ќе го одиграат последниот меч во есенскиот дел
Во сабота, кадетите и младинците на ФК Вардар ќе го одиграат последниот меч во есенскиот дел

Во сабота, кадетите и младинците на ФК Вардар ќе го одиграат последниот меч во есенскиот дел

Во сабота во Прилеп последното есенско коло ќе го одиграат кадетите и младинците на ФК Вардар. Ова е всушност одложеното 10.коло кое ќе се одигра во текот на утрешниот ден.

Вардаровите кадетите ќе се обидат со триумф да го завршат овој дел од сезоната, мечеви на кои сме фаворити за освојување на бодовите. Токму новата сезона во младинските лиги ја отвориме со домашни дуели против екипата на Победа. Кадетите на Вардар тогаш славеа со резултат 2:1, додека младинците исто така триумфираа со резултат 3:1. Кадетите имаат можност да стигнат и до третата последователна победа и во пролетниот дел да влезат во израмнета битка за освојување на титулата, додека триумф за младинците ќе значи подигнување на самодовербата и поправка на пласманот во лигата.

Мечевите ќе започнат во термините од 10:00 и 12:00 часот.