Во сабота на терените на фудбалскиот клуб Работнички ќе се одигра последното есенско коло во детската лига, за генерација родени “2007“ година. Оваа генерација која е предводена од тренерот Зоран Петковски ќе го одиграат 12 и 13 коло во својата група и тоа настап ќе има само тимот на Вардар (2).
Најпрвин во 11 часот нашите надежи ќе се сретнат со екипата на Македонија Ѓ.П, додека пак два часа подоцна (13:00) за противник ќе го имаат тимот на Кул Здравје. Своите настапи во есенскиот дел ги завршија сите останати генерации на ФК Вардар.