Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Последно есенско коло во регионалната-скопска лига, двете вардарови екипи гостуваат на Скопје
Последно есенско коло во регионалната-скопска лига, двете вардарови екипи гостуваат на Скопје

Последно есенско коло во регионалната-скопска лига, двете вардарови екипи гостуваат на Скопје

До крајот на есенскиот дел во регионалната-скопска лига останува да се одигра уште едно коло. Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во недела на теренот во Нова Колонија ќе гостуваат на екипата на Скопје. Мечевите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Генерацијата 2006 на Вардар има шанси со максимален број на освоени бодови да го заврши првиот дел од сезоната. Момците на Филип Спасески играат одлично сезонава и имаат 13 победи од исто толку одиграни натпревари, со само два гола во својата мрежа. Што се однесува до екипата на Скопје, таа се наоѓа на долниот дел на табелата, со само 7 освоени бодови, па црвено-црните се големи фаворити во пресрет на овој меч.

2006

Генерацијата 2005 само со победа од неделниот дуел може да се промовира во есенски шампион. Избраниците на Зоран Петковски на коло пред крајот на есенскиот дел се најдоа на лидерското место, потиснувајќи го тимот на Кул на втората позиција кој долго време го држеше врвот. Во оваа категорија, тимот на Скопје котира повисоко, и со 17 освоени бодови се наоѓа на шесттото место на табелата.

2005