Капитенот на Вардар, Филип Гачевски уште еднаш потврди дека е број еден голман во нашето првенство.
На вчерашниот натпревар против Победа, Гачевски стигна дури до 19-тата „чиста мрежа“. Со тоа се израмни со Томе Пачовски на оваа листа, а ќе има можност во недела и да избие на врвот ако ја сочува мрежата и против Академија Пандев во последното коло.
Капитенот на „Фејсбук“ се заблагодари на своите соиграчи за овој рекорд.