Утре со почеток од 13:00 часот на градскиот стадион во Кратово, ќе се одигра 1/4 финалето од Купот на Македонија, меѓу екипите на Силекс и Вардар.
За главен судија на натпреварот е одреден Стојанче Стојанов од Штип, додека негови помошници ќе бидат Даниел Василевски ( Скопје) и Мартин Петковски (Куманово).
Се надеваме на добра игра и пласман за Вардар во 1/2 финалето на ова натпреварување.