Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати термините на одигрување натпревари за генерација “2005“ на турнирот во Сандански
Познати термините на одигрување натпревари за генерација “2005“ на турнирот во Сандански

Познати термините на одигрување натпревари за генерација “2005“ на турнирот во Сандански

Во периодот од 8-12-ти февруари генерацијата родени “2005“ година на ФК Вардар ќе биде дел од силен меѓународен турнир “Балканика куп“ кој ќе се одигра во градот Сандански (Бугарија). Како што претходно известивме веќе се познати противниците во групната фаза за нашите млади надежи, а веќе се знае и редоследот и термините на одигрување натпревари во групата.

Турнирот го отвараме на 9-ти февруари против екипата на Черноморец. Следниот ден на 10-ти играме против екипата на Локомотива од Софија, додека групната фаза ја заокружуваме со меч против Локомотив Пловдив, натпревар кој е на програмата на 11-ти феверуари. За истиов ден се закажани и полуфалните натпревари. Во оваа генерација ќе се натпреваруваат 12 екипи, поделени во три групи од по четири екипи, а првопласираните од групите како и најдобропласираната втора екипа ќе обезбедат место во полуфиналните мечеви.