Тренерот на Вардар, Александар Васоски се одлучи со кои 11-мина ќе го започне денешниот дуел во Маџари против тимот на Победа. Во тимот го нема суспендираниот Лира кој доби директен црвен картон во претходното коло против Силекс. На негово место во нападот е Ибиши, а по десната крилна позиција шанса за настап од првата минута добива и Бериша.
Составот на Вардар денеска изгледа вака:
На клупата за резерви шанса ќе чекаат Филип Илиќ, Филип Антовски, Јован Попзлатанов, Матеј Цветановски, Али Адем, Стефан Наумчески и Бесар Исени.