Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар без Максимов и Попов, на натпреварите од Лига на Европа, познат списокот на играчи на кои ќе смета тренерот Јаневски
Вардар без Максимов и Попов, на натпреварите од Лига на Европа, познат списокот на играчи на кои ќе смета тренерот Јаневски

Вардар без Максимов и Попов, на натпреварите од Лига на Европа, познат списокот на играчи на кои ќе смета тренерот Јаневски

Ншиот фудбалски шампион, екипата на Вардар го достави списокот на играчи, на кои ќе смета на натпреварите од групната фаза во лигата на Европа. Изненадувачки на истиот го нема последното засилување на клубот, русинот Максим Максимов, како и повратникот во екипата Горан Попов. Поранешниот клуб на Максимов, Тракаи сеуште го оспорува трансферот на младиот напаѓач во редовите на Вардар иако од клубот најавидеја дека ќе ја платат откупната клаузула. Сепак изгледа работите застанаа во место, па Максимов нема дозвола да настапува за Вардар во лигата на Европа. На списокот не се наоѓа ниту повратникот во тимот, левиот бек Горан Попов.

Официјален состав на Вардар за Лига Европа

Голмани: Игор Алексовски и Филип Гачевски

Одбрана: Висар Муслиу, Бобан Грнчаров, Дарко Велкоски, Ховханес Хамбарѕумјан, Евгениј Новак, Бесир Демири, Дарко Глишиќ, Владица Брдаровски

Среден ред: Јамбул Џигаури, Вања Марковиќ, Дејан Блажевски, Бобан Николов, Тигран Барсегјан, Никола Глигоров, Филип Стојчевски, Бесар Исени, Хуан Фелипе

Напад: Итало и Петар Петковски.